дома
Почитувани посетители,
Добродојдовте на нашата ВЕБ страница преку која ќе имате можност да учествувате во подобрувањето на успехот на Вашето дете во училиштето. Со помош на овој портал, ќе се обидеме да Ви помогнеме да бидете запознаени со сите важни промени на успехот, поведението и дисциплината на Вашето дете во училиштето во кое учи. Главната цел е редовно и навремено да Ве запознаваме со седмичните промени на оценките и направените изостаноци на Вашето дете. Информациите ќе Ви бидат испраќани преку СМС порака на Вашиот мобилен телефон, како и преку електронска пошта.

Во изминатиот период во училиштата се појавија неколку електронски дневници. Еден од нив е Едневникот на Министерството за образование и наука, кој е бесплатен, а според предвидена динамика ќе стане задолжителен за сите основни и средни училишта.
Сепак, поаѓајќи од динамиката на денешното живеење, ние се обидуваме да бидеме чекор понапред. Во тој контекст, би сакале да потенцираме дека единсвено нашиот електронски дневник Ви ги доставува податоците преку СМС порака, што убедени сме дека е значајна предност во остварување на брзо, лесно и квалитетно ниво на комуникација.
Од тие причини, Ви ја нудиме можноста нашиот електронски дневник да се погрижи за Вашето навремено информирање за оценките и изостаноците на учениците, или пак да биде дополнителна поддршка на веќе избраниот електронски дневник кој го има во Вашето училиште. За остварување на соработка, доволно е да побарате да го посетиме Вашето училиште и да Ви дадеме дополнителни информации за начинот на работа.
е-дневник™